Тинејџер отвори оган во училиште, четири лица се повредени


Најмалку четири лица се повредени денеска кога тинејџер отвори оган и фрли димни бомби во училиште во местото Ивантејевка, во московскиот регион, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Според првичните информации, во едно училиште во Ивантејевка, ученик на 15-годишна возраст фрлил димни бомби и пукал во воздух, изјави портпарол на руското МВР.

Тој истакна дека во нападот четири лица се повредени и префрлени во болница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1