Трагедија во Секирци: Наместо роденденска прослава, погреб за братчето


Тригодишниот Боби Бошкоски денеска е погребан на селските гробишта во Секирци, Долненско. Не помогнаа напорите на докторите во прилепската болница за реанимација на телото на малото детенце, кое настрада од силен удар на земјоделска прскалка, додека си играло во дворот. traktor

Семејството е завиено во тага. Наместо погреб на Боби, се подготвуваше за роденденска прослава на Далибор поголемиот брат, кој денеска наполни 13 години.  Само што малку закрепнаа од силниот шок поради загубата на домаќинот, таткото Горан Бошкоски, кој загина во несреќа со трактор пред половина година, сега ги снајде уште поголема трагедија, пишува Утрински.

„Мајката Мирка (41) беше и маж и жена во семејството. Целиот товар на животот го носеше на нејзиниот грб. Не е вработена, живее само од земјоделство, се мачеше сама по нивите, за да ги изгледа децата, ама еве што ја снајде сега. Ваква трагедија на душманот да не му се случи“, велат соселаните и сочувствуваат со нивната тага.

Злата судбина сакала во кобниот момент, никој да не биде во дворот до малото детенце. Земјоделската прскалка некако се откачила од тракторот и паднала врз детето. Набрзо потоа слабото тело на детенцето не се изборило со повредите, со тешките и силни нагмечувања во пределот на градниот кош. Настапила смрт, а останале само видливи траги од нагмечувањето и модрило по целото тело.

„Ги пречекавме во близина на с. Мажучиште, но не можевме ништо повеќе да направиме. Констатиравме смрт, што настапила половина час пред тоа. Го однесовме веднаш во одделот за реанимација во градската болница“, изјави Блага Павлеска, дежурен доктор во службата за итна медицинска помош во Прилеп.

Но, и докторите на одделот за реанимација не можеле да го вратат во живот мртвото тело на малото детенце.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, се трага по причините за смртта.

Освен семејството, трагедијата на Бошкоски ги погоди сите соселани. Сите ја делат тагата по огромната загуба, првин на таткото, а сега по половина година и на помалото синче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1