Треба ли да вадите капи и ракавици – Еве какво ќе биде времето утре


Утре преку целиот ден ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, ќе продолжат врнежите и ќе бидат понтензивни во источните делови од земјата особено преку ноќта кон сабота. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на југоисток од дожд.ladno2

Во северните и западните делови од земјата врнежите на пониските места ќе бидат повремено од дожд и снег. На планините ќе се формира нова дополнтелна снежна покривка, на места со дебелина од 20см нов снег, а новите количества врнежи на места ќе надминуваат 25л/м2 за 24 часа.

Повремено засилен северен ветер и со слаби врнежи претежно од снег ќе има и во сабота, а во недела ќе се задржи студено со северен ветер и со услови за слаб снег во источните делови. Од понеделник ќе биде стабилно но студено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1