Трудница починала – наместо слепо црево и го извадиле јајникот


Трудницата Мариа Де Хесус починала откако во текот на операцијата и бил отстранет јајникот наместо слепото црево. Кога била примена во болница со тешки болки во стомакот, била во петтиот месец од бременоста.

Maria-Jesus-300x225

Лекарите дијагностицирале воспаление на слепото црево, но за време на операцијата отстраниле погрешен орган.

По операцијата жената била пуштена на домашно лекување, но поради тешки болки повторно побарала помош по две недели.Лекарите ја увиделе грешката кога жената имала спонтан абортус.

Тогаш веќе боледувала од сепса, тешка инфекција која била предизвикана од воспалението на слепото црево.

Иако хирурзите на крајот го отстраниле и слепото црево, нејзините органи откажале и таа починала.

trudnici izvadili jajnikНејзиниот сопруг Аделино изјавил дека за време на лечењето на неговата сопруга биле направени големи грешки, поради што ќе ја тужи болницата во источен Лондон

“Тоа е убиство. Доколку мојата сопруга добиеше третман од квалификувани лица, сега ќе беше жива”, изјавил тој.

Во текот на судењето било откриено дека операцијата на 23 октомври 2011-тата година ја правеле приправници без надзор.

Лекарите ја увиделе грешката во документите кој многу доцна ги разгледале –  дури на 9 ноември, а два дена потоа жената починала.

 8 членови на болничкиот персонал се под истрага

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1