„Туркиш ерлајнс“ времено ги прекина летовите


Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите, откако напаѓачи-самоубијци од Исламската држава убија 36 лица на истанбулскиот аеродром доцна синоќа.

Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули.

Сепак Mknews стапи во контакт со преставништвото на Туркиш во Скопје од каде добивме информација дека од Македонија нема откажани летови и сите летови на Туркиш ќе се реализираат и нема откажувања. Слетување и полетување кон аеродромот во Истанбул имало и денеска.

turkish-airlines.jpg500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1