Уапсена познатата милијардерка: Момчето го полила со восок и го избодела со ножици


Жозелин Вилденстајн, 71-годишната жена која се прослави со прекарот „жена мачка“ (Catwoman), е уапсена откако го нападнала својот партнер Лојд Клајн.

Имено, „жената мачка“ се прослави низ светот со бројните пластични операции после кои сакаше да личи на своето омилено животно. Освен тоа, позната е и по фактот дека извлече најмногу пари во бракоразводна парница што се случила некогаш – дури две и пол милијарди долари.3b263fbc00000578-0-purrfect_wildenstein_earned_the_nicknames_catwoman_and_bride_of_-a-19_1481295936772

Жозелин тешко го повредила својот партнер, кој морал да се скрие во орманот и да го дочека доаѓањето на полицијата која, всушност, и му го спасила животот. Таа го нападнала со ножиците, а потоа му посипела врел восок на лицето.Lloyd Klein and Jocelynne Wildenstein in Moscow

Наводно, на Жозелин ѝ пречело тоа што Лојд премногу време поминува на социјалните мрежи, а нападот се случил во текот на романтичната вечера на која тој користел лаптоп. Почнала да вреска на него, а потоа земала една од свеќите на масата и му го фрлила в лице врелиот восок. Продолжила со нападот гребајќи го по лицето, па ги земала ножиците и тргнала кон неговиот граден кош, успевајќи да го прободе два пати. Исто така, Жозелин му се заканувала дека ќе го убие.

Тој влетал во орманот и ја повикал полицијата, а полицијата брзо пристигнала и ја уапсила „жената-мачка“.

Двојаката е во мошне турбулентна врска од 2003 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1