УХМР најавува невреме, еве кога не очекува дожд и грмежи


Времето денес сончево со мала до умерена облачност и многу топло со над просечни дневни температури за овој период. Ќе дува слаб до умерен ветер, во источните делови од јужен, во западните од југозападен правец, а попладне повремено и ќе се засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ=6
Во Скопје 35 °C.

Утре ќе се задржи сончево и топло време со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Особено топло ќе биде во југоисточните делови од земјава. Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повременио врнежи од дожд со ретки грмежи.

Од четврток со умерен до засилен северозападен ветер ќе има значителен пад на температурата, но се уште и повремен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и посвежо, со особено ниски утрински температури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1