УХМР: Најмногу дожд во Скопската котлина, нестабилно и во текот на ноќта


Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во Скопската котлина 33 л/м2, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи.grom dozd nevreme

– Попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во западните и северозападните делови од земјава предизвика нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со поинтензивен пороен дожд беа зафатени планинските делови, Мавровскиот регион, Шарпланинскиот масив и Полошката котлина. Во западните и југозападните делови од Скопскиот регион беше нестабилно со грмежи и засилен северен ветер кој на моменти достигнуваше брзина до 72 км/час – се наведува во соопштението.

Вториот бран на нестабилност во форма на долготрајно невреме, се посочува, ја зафати Скопската котлина. Невремето беше проследено со силен пороен дожд, силни електрични празнења како и засилен на моменти и силен ветер кој достигнуваше брзина од 72 до 80 км/час.

Во текот на ноќта, од УХМР најавуваат дека ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд со променлив интензитет, грмежи и засилен ветер. Процесите во западните делови ќе бидат поинтензитет.

Во Скопската котлина во моментов, уште е нестабилно, со пороен дожд кој на моменти е интензивен, проследен со електрични празнења и ветер. И во текот на ноќта ќе се задржи нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За утре се очекува променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови каде се очекува процесите да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 25 до 32 степена.

Во Скопј,е променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 / 29 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1