Видео – апсењето на осмоничените во „Шпион“


Марјан Маџоски шефот на кабинет на претседателот на Собранието, режисерот на Еднооки Борис Дамовски, екс командатот на лавовите Горан Стојков, Ване Цветанов поранешен директор на Управата за спречување перење пари-луѓе од политичкиот и јавен живот, се дел од најновата акција на МВР наречена „Шпион“.

cvetanov stojkovМеѓу оние кои се теретат дека работеле против државата и оддавале државни тајни има и новинар-Зоран Божиновски кој го води онлајн-весникот „Буревесник“.

Според полицијата сите работеле за странски тајни служби и формирале паралелна разузнувачка група.Досега се уапсени 17 лица по тројца се трага, а двајца веќе одлежуваат затворска казна за други кривични дела. Ќе одговараат за шпионажа, злосторничко здружување, уцени и измама.

Полицијата соопшти дека со делувањето на веќе уапсените бил доведен во опасност државниот безбедносен систем.

uapseni damovski madjovskiМВР соопшти дека меѓу осомничените се двајца вработени во Агенцијата за вработување, шест полицајци, од кој двајца работат во УБК, двајца од Министерството за одбрана и едно лице од Управата за финансиски криминал.

„Групата оддавала класифицирани информации на странски тајни служби, документи со различен степен на доверливост, а меѓу нив имало и државни тајни, кои не смееле да ги имаат а уште помалку да ги дадат“-изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Уапсените биле следени две години и биле предмет на обработка на полицијата. Членовите на групата поседувале цели архиви на класифицирани документи со назнака „доверливи“ и „државни тајни“, со кои ја шпионирале државата и уценувале поединци. Меѓу себе биле координирани од своевидна паралелна служба.

Полицијата пронашла 16 парчиња оружје и 27 лап-топови и персонални компјутери, како и 32 мобилни телефони, УСБ-а и мемориски картички.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1