ВИДЕО: „Бато“ од Калиопи е вистинска љубовна приказна од Кичево


Песната „Бато“ ја постави Калиопи на ѕвезденото небо. Поминаа повеќе од 30 години, а „Бато“ и ден денес урива рекорди на слушаност. На Јутјуб има преку милион прегледи.kaliopi1

Приказната потекнува од средината на минатиот век. Биле двајца млади, се заљубиле. Била навистина голема љубов, ги знаел градот. Но, поради тоа што девојката била многу млада, домашните и забраниле да се гледа со момчето. Минувало време, болката никако не стивнала.

Единствен човек кој ги поддржувал е токму братот на девојката, виден и почитуван човек во Кичево. Ја знаел болката на сестра си. Бидејќи ѝ бил најблизок, бил нејзиното рамо за плачење, нему му се изповедала, на својот роден „бато“. Тука некаде настанала и оваа песна. На крајот, сепак биле заедно. Поминале неколку децении додека Калиопи ќе ја преточи во песна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1