Видео/Фото: Случајно чувал хамбургер од МекДоналдс цели 14 год – ист како денот кога е купен


Американец чувал хамбургер купен во 1999 година со цел да ги разубеди пријателите дека тој ќе го задржи својот облик поради конзервансите.

772583-hamburger-1Дејвид Випл од американската сојузна држава Јута сакал да ги убеди своите пријатели за штетноста на брзата храна. За таа цел во 1999 година купил хамбургер од МекДоналдс што планирал да го чува месец дена и да им докаже дека нема да го промени својот облик. Но, тој целосно заборавил на него и повторно го пронашол неодамна.

Хамбургерот останал непроменет и Випл одлучил да раскаже за својот бизарен експеримент гостувајќи во една емисија.

По 14 години неговиот хамбургер не покажува знаци на распаѓање или скапување, но сепак киселите краставички повеќе ги нема. Випл се уште ја чува сметката од хамбургерот и сега сака со него да ги научи своите внуци да се хранат здраво. Одлично е што моите внуци можат да видат што се случува со брзата храна, изјави Випл.

772557-hamburgerhamburger po 4 god

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1