(ВИДЕО) ГОРИ ЛЕЗБОС – 4000 луѓе евакуирани од центарот за мигранти


Голем пожар изби денеска во кампот за бегалци и мигранти на грчкиот остров Лезбос, поради што тој објект го напуштија повеќе од 4000 луѓе, соопштија од полицијата.lezbos

Никој од бегалците сместени во кампот не е повреден.

Полицијата наведе дека ја истражува можноста да некој од мештаните на островот го подметнал пожарот, во кој изгореа шатори и монтажни објекти.

На Лезбос има 5400 мигранти и бегалци. Тоа место беше главната дестинација за повеќе од милион луѓе кои на островот дојдоа од Турција од почетокот на 2015 година, потсети АП.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1