ВИДЕО: Последните моменти од животот и убиството на Борис Немцов снимено со камера


Руската телевизија ТВЦ објави видео од убиството на лидерот на опозицијата Борис Немцов. Видеото е од безбедносна камера која 24 часа го следи сообраќајот и временските прилики во Москва.

boris-nemcov-video-500

На видео снимката се гледа како Немцов, заедно со украинската манекенка Ана Дурацкаја се шета на мостот. Во 23:31 часот возило за чистење на снег поминало покрај нив, а неколку секунди подоцна, човек, најверојатно убиецот, истрчал од тоа возило и влегол во автомобил кој го чекал на улицата.

Руските медиуми наведуваат дека, иако претходно беше јавено дека напаѓачите избегале со бела „лада“, сепак на видео снимката се гледа дека автомобилот има сива боја.

Оценката на медиумите е дека се работи за испланирано убиство.

Снимките од безбедносните камери на ГУМ во Москва ги  запечатиле последните минути од животот на политика на Борис Немцов. Ова е последното видео на кое рускиот опозициски лидер е жив, јави  lifenews.ru.

Немцов и украинската манекенка Ана Дурицкаја имале  средба околу 10 часот вечерта по локално време . Тие влегле во трговскиот центар од  различни влезови и неколку минути се барале, вклучително и по телефон.

20150228.vuonvwmqep

Прв на местото на средбата пристигнал Немцов. Ана дошла минути подоцна и веднаш влегла во кафетеријата. Двајцата си зборувале околу половина час . Решиле да си заминат кога локалот почнал да затвора. Излегле ово правец кон  “Василевский спуст”. До мостот стигнале за 10 минути. На мостот на Немцов му останале само три минути живот.

Потоа се огласиле  истрелите, најверојатно од пиштол “Макаров” и политичарот бил мртов. 23-годишната Ана останала неповредена. Инспекторите ги прегледуваат снимките од видео камерите по целиот пат на Немцов. На местото се пронајдени шест чаури  од 9-милиметарска оружје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1