ВМРО-ДПМНЕ: Заев соработува со Села, човек кој не го признава македонскиот идентитет


Зоран Заев си поигрува со националните и државните интереси, разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е до гуша заглавен, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување, па поради тоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден се погласно и погласно, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.vmro dpmne

„Впрочем граѓаните кои го дадоа својот глас за наводниот план за живот, а добија план за редефинирање на државата се најразочарани. Последното кое граѓаните можеа да го видат од Зоран Заев е неговата соработка со Зијадин Села, човекот кој македонскиот народ го множи со нула, кој не признава македонски идентитет, кој не ја почитува македонската химна и македонското знаме“, велат од партијата.

„Зарем со овој човек Зоран Заев е подготвен да коалицира само за да се добере до власт. Зоран Заев покажува дека не само што е подготвен да прифати Тиранска Платформа и да води диктирана тиранска влада, туку е подготвен да го моли за потписи и човекот кој отворено кажува дека македонскиот народ не постои“, додават од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ете до каде е подготвен Заев само за да дојде до власт и така да се спаси од судските постапки кои се водат против него, да ги забошоти скандалите со „Цареви Кули“, „Едно евро за Вицето“, случајот со „Струмица гас“ и редица други криминогени постапки. Ова на Заев му е поважно отколку знамето, името, грбот, химната и јазикот во Македонија. Затоа граѓаните оправдано стравуваат дека Македонија е на прагот да биде разнебитена“, порачуваат од партијата.

„Излезот од ова се две решенија. Или Заев јавно да се откаже од Тиранската Платформа и намерата да води тиранска Влада и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка за малцинска Влада или второто, да излезе повторно на соочување со народот, па ако сака нека ја искористи Тиранската Платформа како основа на својата партиска изборна програма, која граѓаните ќе може јасно да ја прифатат или отфрлат. Само така граѓаните ќе знаат дека не се изборно измамени од страна на СДСМ и Зоран Заев. Зоран Заев и СДСМ треба да го чујат гласот на народот“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1