Во Русија има најголем број милијардери – еве колку тежат


Бројот на доларски милијардери во Русија годинава нарасна на 131 , што претставува историски рекорд. Според пишувањето на магазинот за топ менаџери „CEO“, што ја состави листата, бројот на милијардери за една година е зголемен за 11.
covek pariВо 2012 година во Русија живееле 120 бизнисмени со имот од над милијарда долари. Година дена претходно беа 114. Најмалку доларски милијадери имаше во 2009 година, или едвај 49.

По верзијата на „CEO“, најбогатиот човек во Русија е сопственикот на „Металинвест“ Алишер Усманов, кој „тежи“ 18,72 милијарди долари, Неговото богатство е за осум отсто помало од претходната година.

Второто место го зазеде претседателот на советот на директори на Новолипечкиот металуршки комбинат (НЛМК), Владимир Лисин, чиј капитал се проценува на 17,2 милијарди долари.

На третото место е сопственикот на компанијата „Ренова“, Виктор Векселберг, со 15,94 милијарди долари, а следи шефот на „Алфа“ групацијата, Михаил Фридман, со 15,32 милијарди долари. Имотот на Векселберг е зголемен за 66 отсто, а на Фридман за 25 отсто, пренесуваат руските медиуми.

Петото место го зазеде политичарот и стопанственик Михаил Прохоров, чиј имот се проценува на 15,25 милијарди долари, и е ист како и минатата година.

Во првите десет најбогати Руси влегоа и сопственикот на „Северстал“, Алексеј Мордашов, косопственикот на „Новатек“, Леонид Михељстон, сопственикот на „Баел“, Олег Дерипаска, претседателот на „Интеррос“, Владимир Потанин, и шефот на „Лукоил“, Вагат Алекепров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1