ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Попладне и утре нестабилно време со пороен дожд


Под влијание на нестабилна воздушна маса која се спушта од северозапад денес попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во планинските подрачја, но и во северните делови, информираат од УХМР.

Услови за појава на нестабилност доцна попладне ќе има и во скопската котлина.grom dozd nevreme

Утре нестабилна воздушна маса ќе се наоѓа над нашето подрачје, па така во пладневните и попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Од УХМР додаваат дека во вечерните часови времето ќе се стабилизира, а дневната температура ќе се движи од 28 до 36 степени.

Во среда, пак, ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за реткапојава на краткотраен дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Потоа времето ќе биде стабилно и потопло.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1