Време: Денес сонце, викендот дожд и снег на планините


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 16 до 24 степени.oblaci sonce vreme mk

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе искачи до 19 степени.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има и врнежи од дожд.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и пообилни, а на повисоките места во западна Македонија ќе има и врнежи од снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1