За 6 години паднаа 2 хеликоптери од типот МИ-17 во Македонија


За само 6 години се срушија два хеликоптери од ист вид и загинаа вкупно 15 лица, од кои 11 припадници на АРМ и 4 припадници на МВР. Орбис направи ретроспектива на двете несреќи.
helikopter5Во првата хеликоптерска несреќа во која загинаа 11 припадници на АРМ се случи на 12 јануари, 2008 година, кога во близина на Блаце се сруши хеликоптер од типот МИ-17 на Армијата на Република Македонија со 11 припадници на мисијата на АРМ во Босна и Херцеговина, кои после шестмесечната мисија се враќаа дома.
Сите 11 припадници на АРМ трагично го загубија животот. Несреќата се случи при самото слетување на аеродромот Александар Велики на само 10км оддалеченост од него.Хеликоптерот на АРМ непосредно пред слетувањето добил наредба да почека и да му даде предност на патничкиот авион кој доаѓал од Цирих. До последниот момент од комуникацијата со контролата на летање на скопскиот аеродром, пилотот на армискиот хеликоптер „Ми-17“ не пријавил дефект на леталото, покажуваат првичните сознанија за несреќата.
Пилотот последен пат му се јавил на контролорот во 12.13 часот. Се’ уште е мистерија што се случувало со хеликоптерот од 12.05 часот, кога влегол во македонскиот воздушен простор од Косово, до моментот на несреќата. Од Контролата тврдат дека пилотот побарал да биде воден со радар во процедурата за слетување бидејќи имало сложени метеоролошки услови и намалена видливост до 3.000 метри поради магла.

helikopter_arm_katlanovo2

Во Контролата за летање велеа дека според процедурите, патничките авиони имаат предност за слетување пред воените хеликоптери, бидејќи се побрзи. Оттаму тврдат дека воените летала може да имаат предност само во итни ситуации, ако носат повредени, ако се погодени или ако имаат друг проблем.
Авионот на МАТ слетал на „Александар Велики“ во 12.10 часот, а три минути подоцна контролорот ја имал последната комуникација со хеликоптерот. По две-три минути, контролорот повторно го побарал екипажот, но немало одговор.
Откако по неколку минути повторно не успеал да воспостави контакт со воениот пилот, била известена Службата за потрага и спасување. Ова се последните 10 минути од разговорот помеѓу пилотот и контролата на летање, изваден од црните кутии на хеликоптерот.
Она што е карактеристично за хеликоптерите од типот МИ-17 е тоа што и доколку откажат двата мотори, хеликоптерот може да лета уште 6-7 минути, време кое е доволно за да се слета на земјата.

piloti zaginati

6 години подоцна, или пак само 20 часа од сега, се урна уште еден хеликоптер на МИ-17 на Министерството за внатрешни работи кој имал рута Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево. Редовна ноќна обука, тренинг и кондицирање – тоа била последната рута на полицискиот Ми -17, кој синоќа околу 22 часот се урна во индустриската зона на Струмица. Кобниот лет не го преживееја припадниците на полициските „Јастреби“, врвни професионалци пилоти, началникот на единицата Драги Мицев, капетанот Марјан Трајковиќ, воздухопловниот инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал Тоде Орешков и командирот Иљо Лопатички.
Црните кутии од хеликоптерто се пронајдени и веќе во посед на МВР каде ќе се чека екипа на производителот на леталото и експерти да ја дешифрираат и да се слушне последниот разговор на пилототе и контролата на летање. За сега се знае само дека за време на летот временските услови биле добри, времето било ведро но сепак леталото удрило во антенски столб висок 120 метри, во сопственост на Македонска радиодифузија, а пилотите не се пожалиле дека имаат проблем со леталото за време на летот.
По ударот во столбот, хеликоптерот паднал на земја и се случила експлозија, најверојатно од керозинот во леталото, кој се запалил по ударот. Експлозијата го распарчила леталото на неколку делови, кои биле исфрлени во радиус од 100 тина метри.
Еве екслузивно видео од моментот кога хеликотерот удира во предавателот, експлодира и паѓа на земјата.
Полицискиот хеликоптер бил опремен со најсофистицирана опрема за навигација, а за време на летот му била вклучена и опремата за ноќна визуелизација. Хеликоптерот летал на релација Скопје, Кавадарци, Валандово, Струмица, Берово, Делчево и обратно. Кои биле последните координати на движење во критичниот миг, ќе се знае откако ќе се отвори црната кутија. Министерката Јанкуловска денеска исклучи дека е можен терористички чин. Хеликоптерот бил во исправна состојба и редовно серивсиран, пронајдени се црните кутии кои се очекува да го дадат извештајот што се случувало последните минути во хеликоптерот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1