Заев попладнево ќе се обрати на јавноста


Претседателот на СДСМ Зоран Заев во петок од партиското седиште ќе се обрати до македонските граѓани, соопштуваат од СДСМ.

Нема детали за што ќе говори претседателот на СДСМ.zoran-zaev1-540x360

Изминатите денови Заев во неколку наврати го повика претседателот Иванов да му го довери мандатот за состав на влада, со цел Македонија да излезе од кризата.

Гостувајќи во четврток вечер во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија, Заев рече дека има план Б, во случај ако претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов не му го додели мандатот, но и дека се надева дека тој нема да се реализира.

„Планот А е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на Претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор“, рече Заев.

За предлогот да се спроведат нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ вели дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа, а тој пак ќе застане пред Иванов да го бара мандатот.

„И да одиме на избори јас верувам дека ќе бидам исправен пак пред Иванов со повеќе од 70 потписи. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа“, вели Заев.

Сепак, според него, изборите не се решение за излез од кризата, туку да му се даде шанса да формира влада

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1