Заменик генерален директор со фалс диплома (Фото)


Заменик на генералниот директор на Друштвото за осигурување „АЛБСИГ“ од Скопје е осомничен за „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл.380 ст.1 в.в со чл.45 од Кривичниот Законик откако против него Основното јавно обвинителство од Скопје поднело казнен налог. Според документот кој до нас го достави читател веќе против него е поднесен  предлог за издавање на казнен налог  и случајот стигнал до судовите. А ова е дипломата за која се тврди дека е фалс. diploma

Станува збор за лицето П.Д. кое во периодот од месец декември 2009 година до 03.03.2016 година, искористувајќи исти прилики така што како доказ во правниот сообраќај пред осигурителната компанија „АЛБСИГ“ употребил нострифицирана фалсификат диплома од софискиот Универзитет „Свети Климент Охридски“ од Софија, а наводно издадена од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, иако знаел дека истата е невистината со што ја довел во заблуда осигурителната компанија „АЛБСИГ“ и склучил договор за вработување со истата, стои во обвинението0-02-05-e34f1a5dddaaa797f7c080f795b6e15d22119ecd4829c7ec1b4dcbcd10f61edc_full

Според истражните органи, осомниченото лице со години е на висока позиција, допрва треба да се утврди дали и на кој начин истото и нанело материјална штета на компанијата.

Судот треба сега да одлучува дали лицето ги довело во заблуда работодавците и дали им причинил штета со тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1