Жена почина од задушување во пожар во Ѓорче Петров


Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила. Во пожарот нема други жртви и повредени, а не се опожарени ниту други станови.

Полицијата потврди дека Јаготка Анѓелковиќ, родена 1955 година, починала од задушување во пожар во зграда на улицата Шидска во Ѓорче Петров.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1