Жерновски поднесувам тужба за клевета


Градоначалникот на општина Центар најави дека поднесува тужба за клевета против советничка од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што вели, не смее никој да клевети и да ја манипулира јавноста, јавува А1Он.

Еве што напиша Жерновски на својот ФБ профил:

Andrej-Zernovski2Повеќе од јасно е дека, како и најголемиот број на граѓани во државава, и јас немам доверба во нашето судство, но исто така е јасно дека не смее никој да клевети и да ја манипулира јавноста. Бев обвинет дека, наводно, сум “испумпувал од буџетот на општина Центар милионски суми на пари”. Пред седум дена, во мојата реакција на објавениот текст на порталот Курир, јасно наведов дека немам исплатено ниту еден денар за рекламирање во медиумите. Раководството на владеачката ВМРО-ДПМНЕ многу добро ја знае вистината, па затоа мудро им ја препушти валканата работа на нивните советници во општинскиот совет. Така, дојдовме до ситуација токму тие, н(а)ивните советници, да ја докажуваат веродостојноста на изнесениот текст, и тоа на суд. Таму ќе има почитуваната советничка доволно простор да објасни кои се тие “милионски суми на перење пари”, каде е и во што се состои “корумпираниот октопод на Жерновски”, како и за тоа каде е “оцрнета работата на Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ”.

Screenshot_32

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1