Жена претепана и ограбена во центарот на Штип


Тројца разбојници од кои двајца малолетници, вчеравечер пред просториите на стариот пензионерски дом во строгиот центар на Штип, искористувајќи поволен момент кога улицата била празна ја нападнале сограѓанката  О.П. Брутално удирајќи ја со клоци и тупаници по целото тело, успеале да и ја одземат чантата  во која се наоѓал паричникот со лични документи и 20 илјади денари.

tepacka1-1-Оставајќи ја облеана во крв на асфалтот ги украле парите, оставајќи го паричникот до претепаната жена и избегале во непознат правец. Болните повици на 56 годишната жртва на нападот, ја слушнале посетителите на стариот пензионерски дом, кои веднаш повикале полиција и Брза помош. Претепаната штипјанка е хоспитализирана во штипската Клиничка болница и поради тежината на здобиените телесни повреди е задржана на понатамошно лекување.

Во меѓувреме, по неколку часа од нападот, откако добиле оперативни сознанија од теренот, полицијата ги лоцирала и фатила  насилниците.

Приведени се 20 годишниот А.М. и малолетниците 16 годишниот Л.А и негов 14 годишен другар. Во присуство на повиканите родители истражните органи разговарале со малолетните насилници, а со 20 годишниот е разговарано дополнително, по што е задржан за понатамошно испитување.

Против сите полицијата ќе поднесе соодветни пријави .

Kanal 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1