ЈСП без нафта – колапс на јавниот превоз


Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси поради недостиг на гориво. Од синдикатот на возачите велат дека состојбата е алармантна, а Град Скопје соопшти дека “се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието“.

„Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио. Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат. “ велат од Град Скопје.

Претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна бидејќи, како што рече, речиси 70 отсто од возилата се паркирани.

„Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта“, рече Муча.

Тој најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не добијат гориво.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1