Ќе се ловат продавачите на црно на Интернет


Во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата. Услови постојат, законодавството дава можност, оформен е и Електронскиот регистар на население, а се најавуваат и промени и во делот на мали партки и нивно следење со скенер. Ова го истакнаа пред годишна конференција за е-трговија „Бизнис раст со е-трговија“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, директорот на ФИТР Јован Деспотовски и Виктор Стојковски генерален секретар на Асоцијцијацијата.

Ангеловска истакна дека недостасуваат софистицирани платежни солуции и најави дека со новиот закон за платежни услуги ќе се направи либерализација за влез на нови компании со што ќе се зголеми конкурентноста и за домашните банки, како и дека ќе се работи на нелојалната конкуренција во е-трговијата.

– Предизвик за домашните компании е нелојаната конкуренција во е-трговијата. Се работи на акциски план за да се адресира и да се намали даночната евазија а со тоа да се помогне тие средства да одат кај регистрирани е-трговци бидејќи е тешко менаџирањето на продавница за е-тргоивја и ние како влада треба да им го олесниме патот на малите и средни компании за да можат да растат и да ги пласираат производите и надвор – рече Ангеловска.

Таа посочи и на тоа дека се работи и на проблемот што го создаваат малите пратки чиј обем сѐ повеќе се зголемува и оти се потребни поголеми ресурси на Царинската управа за да се справи со тоа.

Во оваа насока, како што додаде, со проектот што го работи Царината со царината од Кореја наскоро ќе се стави скенер во поштата за да може и автоматски да се гледаат кои се пратките што пристигнуваат и, како што истакнува да се тргне и оној субјективизам или мануелна работа при царинење, а од друга страна да оди побрзо целиот процес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1