Ќе се воведе целосен карантин ако мерките не се почитуваат


Доколку не се почитуваат мерките и нагло порасне бројот ќе се воведе и целосен карантин најави министерот за здравство. Оваа недела значително се променила сликата во инфективните одделенија ширум земјава, капацитетите се пополнети, ќе се отвори и монтажната болница.

„Голем е бројот на пациенти кои се примаат во болниците, само вчера во болницата „8 Септември“ се примени пет пациенти, а на Инфективната клиника во Скопје се примени 13,“ изјави Венко Филипче министер за здравство.

За последниот пакет мерки (задолжително носење заштитни маски на отворено и ограничување на бројот на гости во домовите) ќе се одлучува на владина седница, викендов ќе продолжат разговорите. Доколку се утврди дека има правни пречки за нивна реализација ќе се направат измени.

„Последниот пакет на мерки, рестрикција, зголемување на ингеренциите на инспекторатите и апелот до граѓаните да се придржуваат до мерките, ќе даде резултат, но следниот чекор е карантин.“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1