10.000 тужби за враќање на конфискуваниот имот на Македонците во Грција – чекаат на одлука на Стразбур


10 години над 10 000 тужби за враќање на конфискуваниот имот на Македонците со потекло од Егејска Македонија чекааат судска разрешница во судот човекови права во Стразбур. Тужителите бараат оштета од Грција во вкупна висина од над 10 милијарди евра и велат дека ќе истраат во нивната борба за своите права.

– Ние нема да отстапиме од тоа што е наше и што со неправда ни е од одземено од страна на Грција- изјави Стојан Димков, Здружение „Македонски Егеј“-Штип

Паралелно со судскиот процес, македонците кои се родени во Егејскиот дел започнуваат со прибирање на архивски материјали и сведоштва, нивно документирање и публикување, кое има за цел домашната, а пред се светската јавност да се запознае со историските факти и вистини кои и ден денес се негираат.

– Образованието во с.Пожарско, кое се одвивало на мајчин народен македонски јазик и употребата на кирилското писмо на тој простор. Еве два податоци кои се потврдени од луѓе кои живееле таму -изјави

– Се уште има надгробни плочи на кои пишува на македонски, на кирилици, но за жал повеќето се искршени-изјави Марија Димкова

Последните неколку години националистичките грчки стеги полека попуштаат, па на нашите сонароднци им е дозволен пристапот до родните огништа и посебно радува што послободно се говори мајчиниот јазик и повторно се пее македонска песна.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1