Патологот потврди дека на 10 годишното момче што почина во школскиот двор на белградското основно училиште “Кирил и Методиј“ му пукнал капилар во мозокот, предизвикано најверојатно од тромб кој допатувал во мозокот и се заглавил. Причина за смртта на момчето е мозочен удар предизвикан од тоа.
-Тромбот тргнал од удар, кој можеби се случил претходно. При обдукцијата стоев пред салата. Лекарите ми рекоа дека срцето му беше здраво како и белите дробови. Беше спортист. Молња на татко. На три години почна да тренира пливање на ДИФ, а од седум ватерполо во Партизан – раскажува за “Блиц“ Далибор Цвејиќ, татко на малиот Богдан.
Помалата сестра на Богдан Ангела се уште не знае што се случило во школскиот двор. Прашува за него, го бара братот.
-Легна во неговиот кревет. Ги броеше медалите што Богдан ги освои, ги милуваше неговите пехари. Тоа не скриши. И рековме дека братот и е во болница. Школските психолози ни рекоа постепено да и соопштиме што се случило – раскажува Цвејиќ.
Тој завчера во манастирот Раковица каде го крстеле Богдан, запалил свеќа. Опелото и погребот беше вчера, и малечкиот е погребан крај својот дедо со кој од мал сакал да игра шах.
Во холот на училиштето, неговите соученици ги испишувале последните поздрави во спомен книгата, покрај која беше слика на детето, и букет со бели и една црвена ружа.
-Напишав: Нека те чуваат сега ангелите – вели негова другарка.
Потресената учителка на Богдан од Одделението III/4 се обидува да ги утеши децата.
Мораме да ги воспитуваме децата како да се носат со тагата. Психолозите се тука за нив. Утре нема настава, а препорака е децата да одат на гробишта во придружба на родителите, вели директорката на училиштето.