Хакерот Кристофер Чејни (36), кој што украде и објави разголени фотографии од актерката Скарлет Јохансон и многу други холивудски жени, осуден е на затворска казна од 10 години затвор.
Tој ќе мора да им плати вкупно 76,000 долари одштета на Скарлет Јохансон, Кристина Агилера и Рене Олстед.
„Илегалното телефонско прислушкување му овозможило на Чејни пристап до мејловите кои ги праќале повеќе од 150 жртви, како и до нивните приватни информации“, нагласено е во тужбата.Тој неовластено влегувал во компјутерите на холивдуските ѕвезди, меѓу кои се и Скарлет Јохансон, Мила Кунис, Кристина Агилера итн, и потоа на интернет дистрибуирал фотографии кои ги пронашол таму.
Кристофер Чејни беше уапсен од ФБИ во октомври 2011-тата година, речиси 11 месеци после истрагата. Ја признал вината во март, а му се заканувала казна од 121 година затвор доколку се докажела вината за сите 26 обвиненија.