Десетгодишно момче почина вчера за време на големиот одмор на игралиштето на основното училиште “Кирил и Методиј“ во Белград, откако околу 16 часот паднало во несвест.
Брзата поош цел час се обидувала да го врати во живот, но за жал не успеала. Дежурниот лекар изјави за српските медиуми дека момчето веднаш е примено на одделот за интензивна нега, каде е констатирано дека нема знаици на живот, а причините за прерано загаснатиот детски живот ќе ги утврди обдукцијата.
Уште во 14 часот, кога дошол на училиште, се пожалил дека не му е добро. Имал главоболка и мачнина. На големиот одмор со другарите излегол да игра кошарка. Во еден момент припаднал, но другарот го задржал и му помогнал да седне на шахтата, каде и се онесвестил – објаснуваат неговите школски другари
Пред куќата во која детето живеело со родителите, помладата сестра и бабата синоќа се собрале поголем број соседи и роднини, кои рекле дека таткото на детето работи во Италија. Сестрата се уште не знае што е со братот, раскажува соседот, и додава дека треба да пристигне таткото на детето од Италија и на него му е кажано дека синот е во кома.