„Се обидел со левата рака да ја оттргне змијата, но не успеал. Тогаш јас силно ја повлеков и неговата кожа на прстот се скина.
Се обидов да го запрам крварењето, но не успеав и брзо морав да го оденесам во болница“, изјавила Лан, виетнамска мајка, чиј син се борел со змија отровница, со прстот во нејзината уста.
Инцидентот се случил во домот на госпоѓа Лан, во провинцијата Бак Гианг во Виетнам. Откако го оставлила детето во количката во дворот и почнала да се занимава со домашните обврски, го слушнала плачот на детето.
Забележала дека змијата му ги гризала показалецот од десната рака.
Докторите соопштиле дека детето страда од пореметеноста на згрутчување на крвта поради змијскиот отров.
Добил инфузија и антибиотици, но крварењето не престанало.
„Отровот на оваа змија не е толку опасен како другите, затоа што не предизвикува престанок на работата на респираторниот систем. Но, отровот спречува згрутчување на крвта и запирање на крварењето. Среќа што бебето немало внатрешно крварење“, изјавил еден од докторите.
Бебето се опоравува и се очекува да ја напушти болницата за неколку дена.