Вистинска сторија за проколнатата куќа (Видео/Фото)


Amityville-Horror-house6Опседната куќа во Лонг Ајленд, служела како инспирација за познатиот филм „Хорор од Амтивили“. Во неа во 1947 година 23 годишниот Роналд ДеФео ги убил своите родители и четворицата браќа.

Неполни 13 месеци потоа, во истата куќа се вселиле Џорџ и Кејти Лутз со нивните три деца. Но, не успеале долго да издржат.

По само 28 дена тие се иселиле. Тогаш рекоа како куќата била неподнослива, од ѕидовите поретекувале чудни супстанци, се чувствувала чудна миризба и морничави звуци, а понекогаш надлетувале летачки објекти, па дури и крстот се превртел наопаку.

 

Во една прилика семејството Луц повикале свештеник, за да со света вода ја благослави куќата и во тој момент тој изјавил дека слушнал гласови кои го истерувале од куќата.

121003045447-03-amityville-story-topamityville-house-xlОткако Џорџ и Кети ја раскажаа својата приказна, се јавија голем број на скептици меѓу кои и адвокатот Роналд ДеФеоа, кој тврдел како семејството Лутз со ладнокрвниот убиец измислил цела приказна, а кружеле и гласини како од куќата си отишле поради тоа што не можеле да си ја платат ќиријата.

Подоцна тие се развеле, а Кејти починала 2004 година, додека Џорџ 2006.

Amityville HouseСега проговорил и синот на Кејти Дени кој имал 10 годни кога се вселиле во опседнатата куќа.

И покрај шпекулациите дека Дени ги негирал ваквите наоди и дека неговите искази биле дека се случило сосема спротивното, тој потврди она што мајка му и неговиот очув го рекле пред 35 години.
Дени е убеден дека за сите овие настани бил виновен неговиот очув Џорџ, кој се занимавал со култни работи, ја проучувал Сатаната и студирал црна магија.
„Само сакам некој да ми верува.

Целиот мој живот ме прогонува во соновите“, вели Дани.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1