10 месеци затвор за ,,Нацистичката баба“


Урсула Хавербек, 87-годишна Германка, која тврдеше дека Холохаустот е „најголема лага во историјата“ денеска беше осудена на 10 месеци затвор, јави дописникот на МИА од Берлин.

Пред Судот во Хамбург, Хавербек го повторила своето тврдење дека никогаш „не било историски докажано“ оти Аушвиц бил логор на смртта.bababa500

Според жената, која германските медиуми ја нарекуваат „нацистичка баба“, тоа е само верување кое никој не го докажал.

Судот оцени дека Хавербек е ноторен екстремист, кој порано била прв човек на десничарски тренинг центар затворен поради ширење на нацистичка пропаганда.

Хавербек беше обвинета за ширење омраза и предизвикување нереди, откако во април на телевизиска емисија на државната телевизија изјави дека „холокаустот е најголемата лага во историјата“.

Судијата, кој ја осуди на 10 месеци затвор, Бјорн Јонесон вели дека е безпредметно да се дебатира со некој кој не може да прифати факти.

На судењето Хавербек била поддржана од десетина десничарски активисти, кои беа дел од публиката за време на процесот.

Над еден милион луѓе, најголем дел од нив европски Евреи, беа убиени меѓу 1940 и 1945 година во логорот „Аушвиц-Биркенау“. Вкупно над шест милиони Евреи беа убиени за време на нацистичка Германија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1