10 месеци затвор за оџата од Велес – се договорил со обвинителството


Десет месеци затвор за велешкиот оџа кој беше фатен како превезува мигранти од Сирија. Ова е казната за Несим Демири што ја одреди Основниот суд Скопје 1.

Според информациите од судот, оџата ја искористил можноста за спогодба предвидена со новиот кривичен закон, јави велешкиот протал Лисица.

g_osnoven-sud11

Така тој без судење се спогодил со обвинителство по што му е одредена затворската казна.

Пред две недели оџата од велешката џамија беше откриен како превезува мигранти. На 12-ти декември при редовна контрола на полицијата, откриени се четворица сиријци во автомобилот што го управувал Демири. Возилото доаѓало од Гевгелија.

Инаку веднаш по откривањето на Демири како превезува мигранти, од Исламската верска заедница објавија дека тој ќе биде разрешен од функцијата доколку се докаже неговата вина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1