1.Кажете им ‘збогум’ на нештата во вашата глава кои ви велат дека не сте способни за да направите нешто или да бидете нешто. Тие често ве лажат, а веќе треба да сте свесни за тоа.
2.Откажете се од моментите и нештата на коишто не сте горди и запаматете дека сте човечки суштества кои сè уште учат.
3.Заборавете ги ветувањата кои не можевте да ги одржите и запаметете дека за некои работи е потребно време.
4.Заборавете на сите моменти кога плачевте и кога мислевте дека нема да ја преживеете оваа година.
5.Кажете им ‘збогум’ на негативноста која ви ја донесе оваа година. Не само што ова не беше среќниот крај кој го посакувавте, туку веројатно е среќен почеток за нешто што не сте ни знаеле дека ви е потребно.
6.Заборавете ги оние кои ви донесоа болка и кои не сакаат да имаат ништо со вас. Тргнете ги од својот живот и направете место за нови – луѓе кои ќе се грижат за вас.
7.Ослободете се од спомените кои ви се повторуваат во вашата глава (без оглед на тоа дали се добри или лоши), и кои ве тераат да размислувате дали нешто ќе се случи (повторно). Престанете да правите сценарија во вашата глава за сите можни ситуации кои можеле да се случат.
8.Престанете со зависноста од вашиот телефон и лаптоп, но и од социјалните медиуми со кои сте опседнати. Поминете повеќе време во природа и научете нешто ново што нема да ви предизвикува негативна енергија и главоболки.
9.Заборавете на очекувањата кои ги имате од себе, дека досега сте требале да постигнете или направите нешто. Животот е хаотичен и не ви е потребно дополнително комплицирање и претерано размислување.
10.На крајот, кажете им збогум на сите мисли дека идната година ќе биде иста како претходната и дека ништо нема да се смени. Кажете им ‘здраво ’ на сите нови соништа и можности кои се пред вас.