10 повредени патници во сообраќајка кај Демир Хисар


Едно лице е потешко повредено, а девет полесно попладнево кога автобус излета од патот на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, во непосредна близина на демирхисарското село Лопатица.

Веднаш по сообраќајната несреќа била укажана прва медицинска помош на сите повредени лица, а десет биле пренесени во битолската Клиничка болница.avtobus500

– На одделението за ортопедија извршивме преглед на 10 лица кои побараа медицинска помош. Девет се пуштени на домашно лекување, а едно лице заради тешка телесна повреда е задржано на лекување, изјави за МИА д-р Нико Јанков, ортопед во Клиничка болница-Битола.

СВР-Битола изврши увид и ги истражува причините за сообраќајната несреќа кај демирхисарското село Лопатица, а по кусиот прекин, сообраќајот на релација Битола-Демир Хисар-Кичево е повторно во функција и во двете насоки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1