10-те најважни настани на Балканот во 2012


region betaОслободувањето на Готовина, петкратното убиство кај Смиљковското езеро во Скопје и 100 години албанска држава – Српската агенција БЕТА ја објави листата на десет најважни настани што се случиле во регионот изминатата година.

1. Хашкиот трибунал ги ослободи Готовина и Харадинај

Апелациското собрание на Хашкиот трибунал на 16-ти ноември ги ослободи хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, а на 29-ти ноември го ослободи и поранешниот водач на ОВК Рамуш Харадинај кој беше обвинет за злосторства над цивили на западот на Косово во 1998-та година.

2. Санадер доби 10 години затвор

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер на 20-ти ноември беше осуден на единствена казна до 10 години затвор за воено профитерство и примање поткуп и веднаш по изрекувањето на пресудата беше упатен во затвор.

3. Ѓукановиќ повторно премиер

На третите парламентарни избори од стекнувањето независност на 14-ти октомври коалицијата Европска Црна Гора собрана околу социјалистите Мило Ѓукановиќ првпат во последнава деценија не освои апсолутно мнозинство, но успеа да состави влада.

4. Избори во Романија, референдум против Басеку

Новиот романски парламент на 21-ви декември ја изгласа новата влада на премиерот Виктор Понте со 402 гласови “за“ и 120 “против“. Првата влада на Виктор Понте од седми мај и оваа втората која е резултат на парламентарните избори е прва влада од 2004-тата година во која не учествуваше претседателот Трајан Басеку.

5. Грчката криза

Со масовни протести на улиците на Атина, грчката влада на осми ноември усвои нов пакет мерки за штедење, четврт откако земјата западна во должничка криза во 2010-тата година.

6. Новата влада и новиот претседател во Словенија соочени со протести

Кон крајот на октомври, Словенија поради мерките за штедење ја зафати бран од протести кои постепено се ширеа и радикализираа.

7. Злосторството кај Скопје предизвика меѓуетничка напнатост

Петкратното убиство кај Скопје на 12-ти април ја потресе Македонија и предизвика големи меѓуетнички тензии. Жртвите беа Македонци, четворица меѓу 18 и 23 години од населбата Радишани, додека петтата жртва беше 45-годишен маж од селото Црешево. На нив било пукано од непосредна близина. Поради свирепото убиство избија протести, најпрво протестираа жителите на Радишани, а потоа и Албанците и другите припадници на муслиманската заедница поради апсењето во акцијата наречена “Монструм“. Протести беа организирани во Скопје, Кичево, Гостивар, Тетово и во некои моменти стануваа насилни. Злосторството го осудија сите релевантни партии вклучувајќи ги и партиите на Албанците во Македонија, како и амбасата на САД и Мисијата на ОБСЕ. Против пет македонски Албанци јавното обвинителство покрена обвинение за тероризам. Судењето почна на 20-ти декември, но веднаш беше одложено за јануари.

8. 100 години албанска држава

Повеќе од десетина илјади Албанци се собраа на 28-ми ноември во Тирана на централната прослава на 100 годишнината од независноста на Албанија. Во пресрет на прославата албанскиот премиер Сали Бериша предизвика бура реакции со изјавата дека албанската држава се простира од Превеза во Грција, до Прешево во Србија и од Скопје во Македонија до Подгорица во Црна Гора, по што на прославата своето присуство го откажаа грчкиот премиер Андонис Самарас, а потоа и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

9. Последно судење пред Трибуналот

На 16-ти мај почна судскиот процес во Хаг против порнаешниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ обвинет за геноцид.

10. БиХ заложник на несогласувањата на политичарите

БиХ ја завршува годината без практично било каков напредок во процесот на европската интеграција и покрај договорот со Европската Унија од 27-ми јуни за “патоказот“ што требаше да и овозможи до крајот да годината да поднесе барање за членство во ЕУ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1