10 откритија кои неочекувано го променија светот


vakcina04-500x306

Современиот човек стана разгален – многу значајни достигнувања на нашата цивилизација целосно се заборавени, а особено оние кои се развиваа пред повеќе од 30 години.

1. Хабер -Бошовата постапка

На почетокот на 20 век германскиот фиизчар Фриц Хабер бил особено загрижен за зголемувањето на населението во светот, а со тоа и сѐ поголемата потреба за храна. Тој дошол до револуционерно откритие – амонијакот кој се користи за производство на ѓубриво може да се направи од заот и вода. Со тоа се доби нова можност за добивање на големи количини на ѓубриво.

Се проценува дека откритието на Хабер овозможи прехранување на третина од светското население. Се работи можеби за најважната индустриска иновација на 20 век која ретко се споменува.

2. Вакцини

Секоја година се забележуваат дури 85.000  случаи на болести кои може да се спречат со вакцина. Глобално гледајќи, секоја година повеќе од три милиони луѓе умираат поради тоа што немале пристап на вакцини. И покрај тоа, лесно се заборава од што нѐ штитат вакцините: детска парализа, дифтерија, сипаници, заушки, рубеола, хепатитис А и Б и многу други болести. Да не ги забораваме антибиотиците, кои се применуваат од 1945 година, а кои спречиле голем број смртни случаи.

3. Пилули за контрацепција

Пилулите за контрацепција беа измислени во 1960 година. Овие пилули претставуваат голема биолошки и социолошки пресврт. Првиот пат во историјата жените можеле привремено да „ја исклучат“ својата плодност. Нивното користење го промени социјалниот и економскиот аспект на оние земји во кои се користат. Нивното влијание не може да се занемари – пилулите за контрацепција им даде нова улога на жените во економијата и науката со пролонгирањето на улогата на мајката. Исто така, пилулите ги промени правилата на играта помеѓу половите улоги овозможувајќи им на жените да се посветат повеќе во нивната кариера и образование.

4. Оптичко влакно

Оптичкото влакно, кое е обично направено од стакло или пластика, служи за пренесување на информација со помош на светлината. Оптичките влакна се наоѓаат во оптички кабел и иако се развиени кон крајот на 19 век, дури во 70-те години на минатиот век можеле да се применуваат на голема далечина. Со тоа, овие кабли на разни начини станале супериорни во однос на дотогашните, вклучувајќи ја отпорноста на електромагнетни пречки, сигурноста на податоците, непроводливоста, отпорноста кон опасни искрења, едноставноста на инсталацијата и големата пропустливост на големи растојанија. Оптичките влакна го отворија патот кон интернет револуцијата.

5. Вештачко размножување

Ова технолошко достигнување не е баш омилено. Сепак, неговиот ефект на модерното општество (добро или лошо) тешко може да се занемари. Тоа овозможи миграција на луѓето од селата и градовите, така што од 2007 година, за прв пат во историјата на човечкиот вид, повеќе луѓе живеат во градот отколку на село. Вештачкото размножување не бара повеќе голем број на земјоделци или сточари. Позитивната страна се на вештачкото размножување е поголема пристапност на храната, достапност на работна сила и одржлив пазар за извоз, а лошите аскпекти се негативно влијание на животната средина и човечкото здравје. Со оглед на тоа, некои сметаат дека вештачкото размножување е една од најлошите иновации на 20 век.

6. Сеизмологија

Сеизмичките испитувања ни овозможуваат да одредиме различни карактеристики и состав на подземните подрачја со помош на сеизмички бранови. Замислете колку би чинело гориво доколку геолозите не можат да откријат каде се наоѓаат скриени нафтени резерви? Или како и каде би се граделе високи онлакодери доколку не би било можно да се утврди најдоброто место? Освен за комерцијални цели, сеизмичките испитувања се покажаа како непроценливи за научниците и истражувачите на морското дно.

7.  Менаџмент на снабдувачки синџири

Менаџментот на снабдувачки синџири е унапреден начин на работа на компаниите. Се работи за иновација која резултира со помали трошоци за потрошувачите. Овој модел на снабдување го усоврши Wal-Mart, а истиот сега се копира скоро во целиот свет.

8. Пластика

Пластиката ја намали човечката потреба за дрво и други ресурси, а доколку правилно се рециклира, може да се искористи и неколку пати. За жал, често завршува во отпад, што резултира во огромен „пластичен“ остров во Тихиот океан (кој може да биде и мит) како и токсичните ефекти на бисфенолот кој се користи за нејзино добивање

9. Достава со бродски контејнери

Иако сега се чини логично, бродските контејнери се причина зошто Њујрок и ЛОндон престанаа да бидат важни пристаништа и зошто ги заменаа Оукленд и некои други. Првата серија на стандардизирани контејнери се доставени од Неварка во Хјустон во 1956 година, после години поминати во преговори и потрошени огромни суми на пари потребни за оваа работа. Воведувањето на контејнерите предизвикало и драматичен пад на трошоците за превоз и зголемување на ефикасноста.

10. Оперативно истражување и линеарно програмирање

Овие две техники ни овозможија донесување на подобри одлуки и оптимизација на системите. Оперативното истражување е развиено за време на Втората светска војна за да им помогне на Сојузниците да развијат систем како конвојскиот и да развијат стратегии за борба против германските бомбардери. Неговиот помлад брат – линеарното програмирање – е алатка која му овозможува да работи. Се работи за математичка техника која користи најдобри можни решенија при доделување на ограничени ресурси, без разлика дали се работи за енергија, машини, материјали, пари, персонал, простор, време.

Извор – Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1