Македонската полиција од денеска ќе вози „шкода јети“


Министерството за внатрешни работи денеска ќе ги презентира новите возила „шкода јети“ кои ќе ги заменат старите „крајслери.

policija koli skoda
На тендерот што го распиша Министерството за внатрешни работи за набавка на 150 нови возила за најповолен понудувач беше избрана компанијата „Порше Македонија“.
Таа даде најниска понуда од 199.750.000 денари за набавка на возилата, односно за 10 милиони денари пониска од почетната цена на аукцијата.

Новите возила се во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишнo бесплатно одржување (замена на гуми, масло, антифриз, филтри за воздух…).

skoda-jeti

Согласно тендерската спецификација, предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина од 1.900 до 1.300 сантиметри кубни и со моќност од 110 до 140 киловати.

Последниот тендер за набавка на возила за МВР беше пред 12 години кога беа купени крајслери

mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1