СВЕТОТ во 2012: Како изгледаше 2012 година на кризните жаришта


По 2011 година која беше одбележана со бунтови, почнаа да се чувствуваат последиците од тие бунтови. Се разгоре состојбата и во Појасот Газа, а Сирија стана најголемо кризно жариште во светот.

Морси наместо Мубарак – страв од нова автократија

hosni mubarakВо Египет, Арапската пролет во 2011 година го симна долгогодишниот претседател Хосни Мубарак за кој обвинителството оваа година побара смртна казна поради вмешаност во убиства за време на судирите. На парламентарните избори победија исламистите, а наскоро делумно е укината и вонредната состојба во земјата. Во февруари оваа земја ја потресуваше нова трагедија. На фудбалски натпревар на два најдобри клуба дојде до ексалација на насилствата и на тој натпревар смртно настрадаа 74 лица. Поради тоа граѓаните повторно излегоа на улица барајќи од воената власт да се повлече.

Демонстрациите ексалираа во април кога на плоштадот Тахрир се собраа десетици илјади луѓе. Тие заедно со останатите сограѓани со право на глас, во мај првпат излегоа на гласање за да изберат претседател. И избраа. Како победник излезе кандидатот на Муслиманското братство Мохамед Морси, чиј мандат нема долго да тече во мир.

Во почетокот на јуни Мубарак беше осуден на доживотен затвор што резултираше со нов бран демонстрации од страна на незадоволите Египќани кои за него бараа смртна казна. Во меѓувреме, Мубарак падна во кома, срцето престана да му работи два пати, па го враќаа во живот. Иако стабилна, здравствената состојба му остана критична.

protesters-march-sydney-septemberНа 15 јуни Уставниот суд го распушти парламентот што предизвика нов хаос во земјата. Војската и исламистите се впуштија во преговори за да воспостават нова стабилност, но беше јасно дека до нормализација на состојбата ќе помине уште многу време. Морси во меѓувреме повторно го свика парламентот, а веднаш потоа Уставниот суд повторно беше распуштен.

Таквите односи меѓу државните институции доведоа до нова криза. Имено, Морси донесе декрет со кој ги зголеми овластувањата. Со тој декрет забрани секое правно оспорување на своите одлуки, додека не се избере нов парламент. Иако Морси потенцираше дека се работи за привремено зголемување на овластувањата, меѓународната заедница го осуди тој потег поради страв од повторно враќање на автократијата. Таквата одлука на Морси предизвика нов бран на демонстрации во земјата, па тој беше принуден да суспендира некои од своите одлуки, но ни тоа не го намали незадоволството кај граѓаните. Дури и уставните судии се одлучија на штрајк.

Демонстрантите се собираа на улиците на Каиро, дојдоа пред претседателската палата и се судрија со полицијата. На улиците излегоа тенкови, а градот го надлетуваа и ловци и бомбардери. Мохамед Морси беше принуден да побегне од својата резиденција.

Најактуелно во Египет во овој момент е референдумот за контроверзниот устав кој го предложи Морси. На првиот круг на референдумот уставот помина со поддршка од 56,5 отсто од гласачите.

Асад рече не на мирното решавање на судирите

Во 2012 година продолжија демонстрациите и во Сирија како израз на незадоволство од власта на Башар ел Асад. Имено, за разлика од останатите држави во кои судирите завршија со симнување на долгогодишните лидери или со меѓународна интервенција, во Сирија тоа не беше случај.

На почетокот на годината Асад вети реформи, но наскоро се заострија судирите меѓу неговата војска и бунтовниците, а бомбардирањата на градови како што се Хомс и Дамаск стана секојдневие.

sirija napad,jpgСоветот за безбедност на ОН донесе резолуција со која изрази поддршка за планот на Арапската лига за демократија и транзиција на Сирија, а со која се осудува режимот на Асад поради постојано кршење на човековите права. Обидот на ОН да го спречи крвопролевањето го блокираа Русија и Кина. Русија нема да дозволи нарушување на своите стратешки интереси. Во Сирија ја имаат својата единствена морнарска база на Медитеранот. Воена интервенција од страна на западот како таа во Либија не се спроведува, меѓу другото поради сириското опкружување.

Сиријците се принудени на бегање и мнозинството бегаат во Либан и Турција. Градовите се под постојана стрелба, тенкови ги гранатираат улиците, војската ги напаѓа бунтовничките бази, експлозии одекнуваат на сите страни. Меѓународната заедница го обвинува Асад за мачење на деца, па го наговараат да ја повлече војската, но тој не попушта.

Како меѓународен посредник се појавува Кофи Анан кој на Асад му даде рок за примирје. Тој вети дека ќе го испочитува, но како што можеше да се очекува, тоа не се случи. Во Сирија стигна и мониторинг, но наспроти тоа и понатаму гинат цивили.

Riyad_Farid_Hijab  -PREMIER SIRIJAНајинтересниот настан беше во април кога Асад нареди бомбардирање на Хомс, а веднаш следниот ден, за да си го поправи имиџот, заедно со сопругата Асма делеше хуманитарна помош токму на тие граѓани чиј град го уништи. Во таква состојба поминаа и првите парламентарни избори дури по половина век, тогаш Асад за премиер го прогласи својот близок соработник лојалниот Ријад Хијаб.

САД Асад го обвинија за преместување на хемиското оружје како и за користење на мали деца како живи штитови на тенковите на неговата војска. Во јули беа убиени министерот за одбрана и неговиот заменик, а одговорноста ја преземаа две бунтовнички групи. Од земјата почнаа да бегаат генерали и политичари, но тој не попушти на притисоците и продолжи масакрот над цивилното население.

Со своите постапки Асад даде до знаење дека нема намера да ја реши состојбата по мирен пат, па САД се заканија со воена акција што предизвика бурни реакции во светот. Сириската војска во неколку наврати гранатираше турска територија поради што Турција возврати со проектили, а на нозе се дигна и НАТО бидејќи постоеше вистинска опасност од избивање на војна од големи размери на сириско-турската граница, ако се одлучеа членките на НАТО сојузот да се повикаат на член 5 на договор според кој напад на една членка на сојузот се смета за напад на сите нив.

Во време на Курбан Бајрам договорено е примирје, но веќе првиот ден имаше 146 мртви. Војската ги гаѓа цивилите со бомби и кога стојат во ред за леб пред фурните.

Од почетокот на граѓанската војна во март 2011 година во Сирија загинаа над 43.000 жители, од кои над 30.000 цивили, а бројот на бегалците е стотици илјади. Заминувањето на најблиските соработници на Асад значи дека неговиот режим слабее, но прашање е до кога ќе продолжи ова крвопролевање.

Нови судири во Појасот Газа и враќање на Калед Мешал од егзил

Кон средината на ноември во изралески воени напади на Појасот Газа загина воениот командант на Хамас Ахмед ал-Џабари. Тој воздушен напад, заедно со 40 лица кои тој ден ја бомбардираа Газа, беше само почеток на најновите арапско-израелски судири. Јасно е дека судирите во ова историско кризно жариште, нема наскоро да прекинат.

_48800170_gaza_strip3_map466 Израелскиот премиер веднаш даде до знаење дека нема да попушти во воените операции. – Денес на Хамас и на останатите терористички организации упативме многу јасна порака. Ако треба подготвени сме да ја продолжиме операцијата. Хамас и други терористички организации се одлучија да ги засилат нападите на израелски државјани, а ние немаме намера да ја толерираме таквата состојба – рече тогаш Бенјамин Нетанјаху.

На 21 ноември во центарот на Тел Авив одекна силна експлозија во која полесно беа повредени 20 лица. Официјален Израел тој инцидент моментално го прогласи за терористички напад и набрзо упати ракети кон Газа. Во тоа ракетирање загинаа 10 Палестинци меѓу кои и едно дете. Поради големиот број на загинати посебно цивили, меѓународната заедница, ОН и Црвениот крст од почетокот на судирите ги повикуваат Израелците и Палестинците на примирје и прекин на огнот, што на крај се оствари. Но, наспроти тоа многу граѓани од двете страни на границата сведочеа на експлозиви и ракетирање. Израелските војници на пример, отворија оган кај границата со Газа. Во пукањето беше убиен еден млад Палестинец.

Неговиот брат рече дека момчето се обидело да се приближи до безбедносната ограда поставена долж границата за да обеси на неа знаме од Хамас.Набрзо потоа Израел почна да мобилизира илјадници резервисти со што практично најави можност и за копнена акција на појасот Газа.

1214-gaza-wall-egypt_full_600

Воздушните напади и понатаму продолжија и тоа од двете страни. Милитантите на Хамас испалија неколку ракети кон Ерусалим и Тел Авив, но израелските политичари не можеа да потврдат каде удриле ракетите, претпоставувајќи дека завршиле во морето. Но, наспроти тоа Израел беше подготвен на одмазда. По еден ден откако од Газа беа испалени ракети кон Ерусалим, израелски авиони погодија згради во Хамас, меѓу кои и кабинетот на премиерот Исмаил Ханије. Непосредно пред тоа израелската влада потпиша мобилизација за 75.000 резервисти подготвувајќи се за потенцијална копнена инвазија. Бројот на мртвите и понатаму расте, посебно бројот на загинатите Палестинци.

Во овој последен голем судир животот го загубија најмалку 163 Палестинци и петмина Израелци. За малиот број на жртви Израелците можат да се заблагодарат на противракетниот систем Ирон Доум чија изградба најмногу ја финансираа Соединетите Американски Држави.

Крајот на ноември за Палестинците донесе добри вести. Во Обединетите Нации потврден е статусот на Палестина како набљудувачка држава која не е членка на ОН, што е голем чекор за Палестинците. Набрзо потоа Хамас прослави 25 години од своето основање, а по 45 егзил во појасот Газа се врати политичкиот водач на Хамас Халед Мешал. Стигнувајќи во Газа ја бакна земјата по која одеше.

Одлуката на ОН за статусот на Палестина во Израел беше дочекана со негодување, чиј министер за надворешни работи ја обвини Европа дека води непријателска политика кон Евреите.

Иранската нуклеарна програма – извор на нови тензии

Иранците веднаш на почетокот на годината провоцираа со тестирање на софистицирани ракети со голем дострел, а покренаа и постапка за збогатен ураниум. Поради иранската нуклеарна програма се крена прашина во меѓународната заедница. Страста не ја смири ни адмиралот на иранската морнарица Фархад Амири кој во едно телевизиско интервју изјави дека ќе ги торпедира американските носачи на авиони од дното на Персискиот залив. По оваа изјава, американски носачи на авиони допловија веднаш до Персискиот залив.

Teheran - nuklearni projekat

Европската унија наметна ембарго на увоз на нафта од Иран, од прилика во исто време кога владини блиски извори објавија дека успеале да произведат ласерски водени топнички гранати кои со голема прецизност ја погодуваат целта. Потоа Иран успешно лансираше нов сателит што на Американците им зададе нови проблеми.

Во февруари на удар на иранскиот парламент се најде и самиот Ахмадинеџад, кој беше повикан на сослушување поради цела низа обвиненија меѓу кои е и обвинение за лошо водење на стопанството.

Иранците наскоро прекинаа достава на нафта на британски и француски компании, а се закани и на другите. На парламентарните избори во март победи ајатолахот Ал Хамнеи. Во тоа време израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека судирот со Иран е неизбежен, а набрзо потоа Израел побара од САД оружје со кое би можеле против Иран.

Наскоро почнаа преговори на Иран и светските сили за иранската нуклеарна програма. Преговорите очигледно не одеа според замислениот тек, па Иран на Израел се закани во јули дека ќе ги избрише од лицето на земјата ако ги нападнат. Иран беше обвинет и за напад на автобус со израелски туристи во Бугарија ова лет. Во август САД им наметна нови санкции во секторот на енергетиката и бродоградежништвото. Цела година МААЕ се обидува да влезе во ирански воени компплекси но тие тоа не го дозволуваат.

Тензиите ги зголеми и Нетанјаху кој рече дека не му треба дозвола од САД за напад на Иран. Иранците собраа тајни податоци од американски беспилотни авиони, кои ги приземјиа уште минатата година. Иран и понатаму продолжува да дава отпор најавувајќи дека и понатаму ќе збогатува ураниум.

Блер и Буш во Хаг поради Ирак

55783-sud2012 година не беше мирна ни во Ирак, каде цела година одекнуваат експлозии во возила, напади на верски објекти дури и на свештеници. Еден од критичните денови за Ирак беше 22 јули. На тој ден во 22 напади загинаа 91 лице, а беа ранети 161. Атентати беа вршени и во текот на Бајрам, во тој период беа убиени дури 70 лица.

Добитникот на Нобелова награда за мир, англиканскиот надбискуп Дезмонд Туту ја повика меѓународната заедница Џорџ Буш и Тони Блер да бидат судени во Хаг поради почнување на војна во Ирак.

Најкрвав месец оваа година во Ирак дефинитивно беше септември, во кој загинаа 365 лица и 683 ранети. Во меѓувреме беше уапсен лидерот на ирачкиот огранок на Ал Каеда.

Невиност на муслиманите и Малала Јусуфзаи

detalj-iz-filma-nevinost-muslimana-1347658979-208604Да наведеме уште еднаш многу важен фактор кој го разбранува овој регион во 2012 година. Филмот Невиност на муслиманите, ги зголеми тензиите во исламистичките земји, поради кој се покрена нов бран на демонстрации и судири, а беше убиен и американскиот амбасадор во Либија Кристофер Стивенс.

Да наведеме и еден светол пример во овој регион задушен од крвави судири. Во октомври талибанците во Пакистан застрелаа девојче, Малала Јусуфзаи која се бореше за право на школување на пакистански девојчиња. Таа итно била пренесена во болница, а потоа и во Велика Британија каде заздравува. Иако талибанците и понатаму и се закануваат, Малала не се откажува од борбата за права на жените и девојчињата во својата земја, поради што многумина ја повикуваат меѓународната заедница да ја номинираат за Нобелова награда за мир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1