100.000 ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ НА БУДИМПЕШТА: Унгарците го соборуваат премиерот Орбан поради данокот на интернет!


Над 100.000 Унгарци во вторникот вечерта излегоа на протести поради планираниот данок на количината податоци што корисниците ја преземаат од интернет, сметајќи дека таа мерка ќе ги ограничи основните демократски права и слободи. Тоа беше втор протест за само три дена поради данокот на интернет-услугите, но и најмасовен откако владата од десниот центар ја презеде власта во 2010 година.orban-protesti

Демонстрантите маршираа низ центарот на Будимпешта, барајќи отфрлање на данокот и повикувајќи на симнување од власт на премиерот Виктор Орбан. Многумина носеа транспаренти на кои со големи букви пишуваше „Грешка“.

– Се сомневам дека интернет-компаниите нема да го стават данокот во своите цени. Јас имам компјутер, паметен телефон, исто како и мајка ми и четворицата браќа и сестри – вели Илдико Пирк, 22-годишна студентка, која додава дека интернетот ~ е многу важен поради факултетот, пренесе Ројтерс.

Според предлог-законот за данок за 2015 година, кој во вторник беше поднесен пред унгарскиот парламент, данокот за секој почнат гигабајт пренесени податоци ќе биде 150 форинти (49 центи), при што во случај на физички лица месечно може да достигне цена и од 700 форинти (2,28 евра), а кај правните лица до пет форинти или 16,32 евра. Данокот ќе го плаќаат давателите на услуги. Владата од тие мерки очекува раст на приходите на државата од 65,3 милиони евра.

Предложениот данок наиде на критика и од Европската комисија.

– Не е во ред да ги одвраќате луѓето од интернетот со даноци што немаат смисла. А овој данок нема смисла, зашто станува збор за данок кој и начелно е лош – истакна Рајан Хит, портпарол на потпретседателката на ЕK, Нили Kроус, и додаде дека мерката на Унгарија би била прва од тој вид во Европа, а би можела да стане преседан, кој би бил проблем за поширок европски економски раст, бидејќи би ја отежнал дигиталната експанзија, пренесе „Ал Џезира“.

Претходно, во неделата, на улиците на Будимпешта излегоа околу 10.000 луѓе, а меѓу нив беше и американскиот амбасадор во Унгарија, Андре Гудфренд.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1