Полицијата веќе казнува за непочитување на новите правила за управување на електрични тротинети.
Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапи на сила на 14. јули, а досега се изречени 12 парични казни. Како што соопштуваат од МВР за Скопје Инфо засега не се одземени тротинети.
Од страна на Одделението за безбедност на патиштата и сообраќајот, почнувајќи од 14.јули преземени се следниве мерки:
-три мерки за управување електричен тротинет без користење заштитен шлем (кацига) – глоба во износ од 50 евра,
-нема одземени тротинети, информираа од полицијата.
Дополнително преземени се 10 мерки по останатите членови и тоа:
– девет мерки за управување електричен тротинет по површина на која не е дозволено движење на ваков вид возила – глоба во износ од 80 евра;
– една мерка за користење мобилен телефон при управување на електричен тротинет – глоба во износ од 100 евра.
Сите преземени мерки се однесуваат на полнолетни лица, појаснуваат од МВР.








