100 илјади луѓе на улица против хомосексуалните бракови


Повеќе од сто илјади луѓе протестираа низ цела Франција против плановите на владата да ги легализира на истополовите бракови, пренесува макфакс.

 Според процените на полицијата во француската престолнина Париз на еден собир се собрале околу 70 илјади луѓе, додека според организаторите бројот на демонстрантите изнесувал 200 илјади. Во Лион се собрале 22 илјади, а во Марсеј осум илјади луѓе, според полицијата.

Протестот е под мотото „Марш за сите”, а го организираат семејните и католичките здруженија. Во Париз учесниците на протестот носеле транспаренти „Едно дете е еднакво на еден татко плус една мајка”.

Уште во текот на претседателската кампања актуелниот француски претседател Франсоа Оланд најави дека ќе донесе закон за „брак за сите” Законот за „бракот за сите”, како што го нарекува претседателот Оланд, би требало да ја промени дефиницијата на бракот во граѓанскиот законик на Франција од „заедница на маж и жена” во „заедница на две лица”. Оланд воведе и измени при внесувањето на името во матичниот лист каде наместо татко и мајка би требало да пишува „родител 1″ и „родител 2″.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1