1000 голови за Македонија – Кире Лазаров



Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров на мечот против Португалија во Еспињо стигна до фантастично остварување – илјада постигнати голови во националниот дрес, пишува порталот ,,Екипа,,

Според информациите на неговата официјална веб страница, има бројка од 1.002 погодоци за ракометната репрезентација на Македонија.

Седмиот гол што го постигна на овој меч, кој беше реализација од седум метри, за Кире Лазаров значеше и достигнуваше на „илјадарката“. Така, Кире Лазаров влезе во друштво на најголемите ракометни стрелци во историјата, кои за своите репрезентации постигнале преку илјада голови.

Тука се Олафур Стефансон од Исланд (1.511 гола), Жером Фернандез од Франција (1.284 гола), Штефан Ловгрен од Шведска (1.138 гола). Зад него се легенди како Џексон Ричардсон – Франција (775 гола), Талант Душебаев – поранешен СССР и Русија (726 гола).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1