Девојче на возраст од 11 години вчера било полово нападнато ул. „Роза Петрова“ во Кочани од страна на непознато лице.
Од полицијата информираат дека бил извршен полов напад со друго полово дејствие врз девојчето на тој начин што истиот и пришол од зад грб и со двете раце ја фатил по што ја прилепил за себе.
Девојчето почнало да вика барајќи помош по што го удрила со мобилниот телефон по главата и успеала да го оттурне од себе и да се ослободи.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.