11 годишно девојче со експлозив прикачен на нејзиното тело се разнесе во Нигерија – загинаа 15 лица


Најмалку 15 лица загинаа откако девојче изврши самоубиствен напад на автобуска станица во североисточен град во Нигерија, соопшти ДПА, повикувајќи се на очевидци и болничките службеници.

При нападот во градот Даматуру биле повредени речиси 30 лица. Се претпоставува дека девојчето кое го активирало експлозивот кој бил прикачен на нејзиното тело, имало околу 11 години.nigerija

– Девојчето дојде на паркингот и одби да биде претресено (од чуварите). Потоа отиде до возилото полно со патници и се разнесе, изјави здравствен работник од блиската болница.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но исламистичката група „Боко Харам” убила илјадници луѓе во слични напади од 2009 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1