Сообраќајната полиција извршила увид на седум сообраќајни незгоди, од нив четири се со материјална штета, три со телесни повреди во коишто со полесни телесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и еден пешак. Според евиденцијата на сообраќајната полиција случени се уште четири незгоди со мала сообраќајна штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

soobrakjaka brza pomosСообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден во поглед на исправноста на уредите и опремата на возилата откри девет неисправни возила, а санкционира 10 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Во изминатите 24 часа преземени се 30 мерки за возачи, од нив за осуммина кои ги управувале возилата без возачка дозвола, за 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас и за 12 возачи го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата.

Преземени се мерки и за седуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, за 18 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта и пешачките премини во зона на крстосница. Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 79 возила кои биле непрописно паркирани и го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Сообраќајната полиција денеска ќе презема мерки по прекршокот кој најчесто го чинат возачите како неотстапување првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а исто така ќе се преземаат и мерки по прекршоците коишто ги чинат пешаците.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни активности во ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден со учениците од второ одделение.