Безбедносна камера го снимила убиецот на Џељо од Сингелиќ?


Безбедносна камера која е поставена на влезот на чајџилницата „Кај Џело“ во која во петокот беше убиен сопственикот Џељал Ајети, најверојатно го снимила неговиот убиец.

ubien djeljoКако што пишува Дневник, можно е камерата да го снимила возолото со кое пристигнал убиецот, кој го уби Џељал, а со својот калашников, повреди и уште едно лице од чајџилницата.

Од Министерството за внатрешни работи, како што пишува весникот, засега не откриваат дали ги зеле снимките и дали евентуално на нив имало нешто што помогнало на истрагата. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека детали од истрагата ќе има кога постапката ќе биде готова.

За потсетување, Ајети беше убиен во петокот навечер откако засега непознато лице со фантомка на главата и автоматска пушка влегол во локалната чајџилница во Сингилиќ и отворил оган.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1