Психијатри од Битола пуштиле убиец на викенд – добија пријави


ludacka kosulaДвајца психијатри вработени во ЈЗУ-Психијатриска болница Демир Хисар, 48-годишниот битолчанец В.Т. и неговиот 60-годишен сограѓанин П.Л. од почетокот на годинава на тројца пациенти кои биле на задолжително психијатриско лекување им одобрувале користење на тераписки викенд спротивно на Правилникот на куќниот ред во здравствената установа и без соодветна изјава од член на семејство со која се изјавува дека ќе го чува пациентот додека е надвор од установата.

Тие пуштиле на викенд и еден од пациентите со правосилна пресуда од Апелационен суд-Скопје за сторено кривично дело „убиство“ кое немало законски права да излезе од болницата за викенд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1