Шминката е заштитен знак на секоја дама која се грижи за сопствениот изглед.
Но, да бидеме искрени, не секоја жена знае да се нашминка.
Затоа денеска ви предлагаме неколку трикови за шминкање за кои ќе ви биде жал што не сте ги знаеле претходно.
Изгледајте фантастично од ден на ден со помош на овие мали трикови за шминкање.
Едноставни се и не бараат многу труд. Крајниот резултат е апсолутно одличен.
Претворете го моличвето за очи во течна формула со помош на запалка или кибрит. Држете го омиленото моливче под пламените буквално една секунда. Почекајте и ќе видите како таа се менува пред вашите очи.
На капаците нанесете бело моливче за дополнително да ја истакнете сенката.
Користете лажица за совршен cat eye.
За моментален smoky ефект, на надворешните агли на капаците нацртајте коса тараба, а потоа изедначете со прстите.
Користете лажица и да спречите создавање на точки од маскарата на горните капаци.
Во стврдната маскара додајте физиолошки раствор или капки за очи за таа повторно да стане течна.
Виткачот за трепки загрејте го со помош на фен за полесно да ги свиткате трепките.
За трепките да ви бидат погусти, меѓу нанесувањето на слоевите маскара на трепките нанесете пудра во прав.
Лепилото за вештачките трепки најлесно рамномерно распоредете го со помош на шнола.
За сами да направите сјај за усни, помешајте сенка во боја со вазелин.
Прекријте ги подочниците и темните кругови околу очите на вистинскиот начин така што под очите ќе нанесете коректор во облик на триаголник.
Можете да го нанесете кореткторот и во точки, но најдобриот начин да го нанесете е во облик на триаголник директно под трепките (како на сликата) и да изедначите со прстите. Овој начин на нанесување е поефикасен во прикривање на црвенилото и натеченоста под очите.